ЗА НАС

Point Retail Park е првиот “retail park“ (малопродажен парк) во Македонија, кој на потрошувачите им нуди потполно нов концепт и ново шопинг искуство распространет на 9.500 м2. Лоциран на одлична локација, поврзан со клучни булевари, бесплатен паркинг за 300 возила, одличен микс на продавници, ресторани, други содржини и лесната достапност го прават Point Retail Park нова “жешка“ точка во градот.

Со сите свои карактеристики, за брзо време Point Retail Park прерасна во неизбежно место за шопинг и уживање на потрошувачи од целата држава и пошироко нудејќи им сосема ново искуство.

Строго селектираниот микс на продавници го прави Point Retail Park “One stop shop” за многу потрошувачи кои своите потреби можат да ги задоволат во 31 бренд меѓу кои светски реномирани брендови и локални трговски марки. Point Retail Park има одлична понуда за женска, машка и детска мода, играчки, чевли, модни додатоци, накит, техничка опрема, хипермаркет, големи outlet продавници на реномирани брендови и други содржини кои ја комплетираат понудата како банка, брз трансфер на пари, бербер, авто перална и нај големата игротека во градот на 1.200 м2.

Point Retail Park посебно се карактеризира како “гастрономски рај“ , посетителите можат да уживаат во ексклузивен ресторан “Cha-Cha“, ланч бар “ZAHO“ со феноменална понуда и врвен готвач, како и непобедливиот интернационален fast food ланец KFC кој има и drive in услуга.